[ВИДЕО] СДСМ деновиве ќе одлучи кого ќе поддржи во општините каде што нема свој кандидат за градоначалник

Макфакс

26/10/2025

13:53

1.122

Големина на фонт

а а а

Филипче: Одлуката за поддршка во вториот круг ќе биде донесена до среда, разговорите се во тек

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата во следните денови ќе одлучи кого ќе поддржи во општините каде што нема свој кандидат во вториот круг од локалните избори.

„Ќе донесеме заклучок најдоцна до среда. Одлуката ќе се темели на локалните околности, анализите на општинските организации и расположението на членството“, изјави Филипче.

Тој нагласи дека поддршката нема да се заснова на етничка припадност, туку на политички ставови и вредности. „Мултиетничкиот карактер и добрите меѓуетнички односи мора да останат приоритет“, додаде тој.

Разговорите, како што рече, се во тек и не се ограничени само на Кичево и Брвеница, туку и на други општини, меѓу кои Скопје, Карпош и Куманово.