Ѕвезда на Барселона со малку поинаква „Ел Класико“ најава: Воодушевен сум од Винисиус

Дерби

24/10/2025

14:29

233

Големина на фонт

а а а

Играчите на Барселона и Реал Мадрид се погрижија за први најави на големото „Ел Класико“ дерби и слушнавме низа самоуверени изјави како оние на Ламин Јамал, Тибо Куртоа и Марк Бернал, сега дојде ред и на една коректна и поинаква најава од Роналд Араухо.

Иако максимално верува во квалитетот на својот тим, Араухо во интервјуто за „Мовистар“ говори и за извонредното ривалство кое го изгради со Винисиус Жуниор, а кое се темели врз база на максимална почит и коректност на теренот.

За разлика од некои други ривали, Араухо има само пофални зборови за Винисиус, па во интервјуто дури и го нарекува голем професионалец.

– Винисиус е спектакуларен фудбалер. Секогаш кога се соочуваме, се однесува максимално професионално. Тој игра фудбал и секогаш го вади најдоброто од вас.

– Најдобрите играчи ве тераат на тоа, ве тераат да бидете најдобра верзија од себе. Тој го вади најдоброто од мене во секој дуел и воодушевен сум од играчи како Винисиус. Тој е храбар и предизвикувачки настроен, а тоа што го кажува надвор од теренот, воопшто не ме засега. Најважно е она што го нуди и го прави на теренот, – изјави Араухо.