Јокиќ се претвори во трагичар на премиерата во новата сезона: Ќе продолжам да прифаќам вакви шутеви

Дерби

24/10/2025

14:27

341

Големина на фонт

а а а

Никола Јокиќ не му помогна доволно на Ерон Гордон во второто полувреме и запиша само пет поени зад своето име, но што е уште полошо за него, Србинот беше и трагичар во последниот напад во регуларниот дел.

Голден Стејт го победи Денвер по одиграно продолжение во Сан Франциско, но реално можеше и да не дојде до него ако Јокиќ беше прецизен во последниот напад.

Јокиќ не реализираше еден „флоутер“ и се претвори во трагичар на премиерниот меч во новата сезона, меѓутоа српската ѕвезда не очајува и најави дека во иднина нема да има проблеми да преземе одговорност во пресудни акции.

– Секогаш ќе преземам ризик и ќе прифаќам вакви шутеви, тоа нема да се промени.

– Се уште се адаптираме на новата сезона, голем дел од шутевите кои ги имав за три поени беа отворени и требаше да имам подобар процент, – изјави Јокиќ кој го заврши мечот со 3/14 од игра.