[ВИДЕО] Германецот Фин за животот во Македонија: „Во македонската амбасада во Германија не знаат германски, македонскиот го научив од почит што живеам тука“

Точка

22/10/2025

13:12

2.467

Големина на фонт

а а а

Фин Ватчов е 24-годишен Германец, роден во Фрајбург на Брајсгау, кој пред 3 години одлучил да се пресели во Македонија.

Фин неодамна гостуваше во поткастот на Стефан Лазаров каде зборуваше како одлучил да живее тука, што го фасцинира најмногу од Македонија, како го научил македонскиот јазик и многу друго.

Меѓу другото, тој откри и дека процесот за вадење документи за постојан престој во Македонија не бил воопшто лесен.


„Имав регулирано престој до јуни. Многу беше смешно, секогаш одев во МВР. Знаеш тука сите ќе ти кажат нешто друго, еден ќе ти каже вака, друг така и ти кажуваат различни работи во институциите. Во Германија сè е онлајн или ако отидеш – имаш решение. Бев во МВР и од таму ми кажаа дека треба да одам во македонска амбасада во Германија.

Летав назад до дома до Германија, до Фрајбург, амбасадата е во Бон. Тогаш не знаев многу македонски, бев таму, а таму никој не знае англиски, никој не знае германски... Нема гајле, зборувавме со раце“.

На прашањето на Лазаров: „Во амбасадата во Германија, Македонците не знаат германски?“, Фин вели:

„Да, да. Смешно беше, но имаше многу фини Македонци кои ми помогнаа. Јас бев таму како изгубен Германец и многу беше смешно. Сите ме гледаа како што е со него, што прави тука, ама сите ми помогнаа“.


„Девојка ми ми помогна. Ми испрати документ од тука. Со документот отидов до амбасада пак и ми рекоа, ааа тука не, треба да одиш назад во Македонија. Бев лут. Тогаш имав сè за виза, мислев дека имам сè.

Ми рекоа - со овој документ што го имаш, треба во Македонија да одиш“.

За македонскиот јазик вели дека го научил од почит кон државата:

„Ако јас живеам во Македонија и не сакам да учам македонски, мислам дека тоа е лошо. Само од почит треба да учам македонски бидејќи живеам тука, сакам да ја разберам културата, сакам да разберам какви се луѓето“, вели Германецот Фин.