Bestie: Бесплатни гинеколошки совети за студентки на факултетите во Скопје и Битола

Точка

14/10/2025

12:14

196

Големина на фонт

а а а

По успешното претставување на Бруцошка забава 2025, проектот #НИКОГАШПОВЕЌЕСАМА – Bestie на dm drogerie markt, во соработка со државните универзитети во Македонија, продолжува со информативно-едукативни активности посветени на подигнување на свеста и грижата за менструалното здравје кај младите жени.

Студентките ќе имаат можност да посетат Bestie катче на факултетите, каде што ќе можат отворено да разговараат со гинеколог, да поставуваат прашања и да добијат стручен совет – целосно бесплатно. Тука ќе можат да прашуваат за менструалниот циклус, менструалните болки, менструалната хигиена и други прашања поврзани со женското репродуктивно здравје, а гинекологот ќе биде присутен за советување и охрабрување за отворена комуникација.


ПРОГРАМА

15.10.2025 – Филозофскиот и Филолошкиот факултет „Блаже Конески “, Универзитет „ Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

- Време: 11:00 – 14:00
- Гинеколог д-р Ирена Гошева
- Гинеколог д-р Весна Блажевска Сиљановска

16.10.2025 – Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“- Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

- Време: 11:00 – 14:00
- Гинеколог д-р Ирена Тодоровска
- Гинеколог д-р Билјана Сиљановска

17.10.2025 – Педагошки факултет, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

- Време: 10:00 – 13:00
- Гинеколог д-р Маја Аврамовска, гинеколог

Проектот #НИКОГАШПОВЕЌЕСАМА – Bestie преку информативни и едукативни активности, има за цел да ги разбие табуата и предрасудите поврзани со менструацијата, да ја унапреди културата на менструално здравје и да промовира општество во кое никоја девојка или жена нема да се чувствува засрамено или ограничено поради природен биолошки процес. Bestie e проект на dm drogerie markt преку кој се поставени диспанзери за бесплатни влошки на сите државни факултети во нашата земја.

Зошто е важна оваа иницијатива?

- Секоја девојка заслужува да биде информирана и поддржана.

- Менструацијата е природен дел од животот и не треба да биде табу.

- Заедно може да се создаде средина во која никоја студентка не е сама.

Студентките кои сакаат да станат дел од проектот можат да се пријават за Bestie амбасадорка и да помогнат пораката за менструално здравје да се прошири и на нивниот факултет.

Bestie е секогаш тука за студентките – за никогаш повеќе да не бидете сами!

Комерцијален текст