Извештаи за примени донации доставиле 35 отсто од учесниците во изборната кампања

Макфакс

14/10/2025

11:47

120

Големина на фонт

а а а

Во согласност со Изборниот законик, учесниците во изборната кампања за локалните избори 2025 година имаат обврска да поднесат извештаи за примени донации во текот на изборниот процес како извор на нивно финансирање.

Обврската се однесува и на финансиски извештај со податоци за вкупните приходи и расходи на изборната кампања, во законски утврдени рокови, со што се овозможува следење на законитоста на финансирањето и на трошењето на средствата од страна на надлежните институции, како и увид на јавноста во изворите на приходи и начинот на трошење на средствата во изборната кампања, со цел зајакнување на довербата во изборниот процес.

Во согласност со рокот за доставување извештај за примени донации на трансакциска сметка за изборна кампања за периодот од отворање на сметката до 11. ден од изборната кампања, односно заклучно со 9.10.2025 година, до 24 часот, до ДКСК доставени се вкупно 61 извештај, што изнесува нешто над 35 % од вкупниот број учесници во изборниот процес. Сите 19 коалиции доставија извештаи за донации, примени се 18 извештаи од политичките партии и 24 извештаи од независни кандидати, поддржани од група избирачи.

По истекот на рокот, доставени се уште 2 извештаја од политички партии.

Извештаите за донации се објавени на веб-страницата на ДКСК на следниот ЛИНК.