Го нарушуваат мирниот и квалитетен сон: Пет работи што веднаш треба да ги исфрлите од спалната соба (едната навистина ќе ве изненади)

Точка

13/10/2025

20:49

627

Големина на фонт

а а а

Добриот ноќен сон зависи од неколку фактори, а експертите за спиење откриле пет работи што треба да ги исфрлите од спалната соба за да имате мирен и квалитетен сон.

Тимот од австралиската компанија за постелнина „Bed Threads“ изјави за „Дејли Мејл“ дека многумина од нас самите сме виновни за лошиот сон бидејќи чуваме работи што не треба да бидат во спалната соба и дека спалната соба треба да биде „засолниште“ од сите други соби во куќата.

Работен простор

Бирото во спалната соба ја брише границата помеѓу работата и одморот, а може да ја наруши и менталната врска помеѓу спалната соба и сонот.

Истото важи и за користењето лаптоп во кревет. Многу е подобро да ја поставите работната маса во кујната или дневната соба ако немате работна соба.


Мобилен телефон

Исфрлете ги мобилните телефони од спалната соба ако сакате мирен и квалитетен сон.

Светлосната стимулација може да ви го наруши сонот и вашиот циркадијален ритам.

Општ неред

Нередот не е добра работа во ниту една просторија, а особено во спалната соба.

Како што рековме, спалната соба треба да биде засолниште и простор за смирување, а нередот ќе го оневозможи тоа.

Премногу визуелни стимули во вашето видно поле може да предизвикаат расеаност, што ќе влијае на вашиот сон.

Исчистете што е можно повеќе за да ја одржите хигиената во собата и да имате помалку прашина и бактерии.


Домашни миленици

Иако на многумина им се допаѓа идејата куче или мачка да ги гушкаат в кревет, реалноста е дека тие нема да ви помогнат да заспиете.

Ако постојано стануваат или се движат среде ноќ, нема да ви дозволат да го добиете квалитетниот сон што ви е потребен или што го заслужувате.

Многу е подобро кучето или мачката да спие во друга просторија.


Стари перници

Перниците треба да се менуваат на секои една или две години, бидејќи вашата перница доаѓа во директен контакт со вашата кожа.

Тоа е едно од нештата што апсорбира и задржува пот и мртви клетки од кожата од вашето лице и коса, што доведува до нејзина целокупна промена: боја, мирис, па дури и мувла што може да влијае на вашиот сон.

Ако се разбудите со болка во вратот или рамената, експертите исто така велат дека е време да ја замените перницата бидејќи не си ја врши својата работа.

Освен тоа, редовното менување на перниците помага да се осигурате дека имате перници кои нудат потпора, кои се чисти и не содржат алергени.

Исто така, кога ќе забележите дека перниците пожолтеле, треба да размислите за купување нови.