Персоналот е љубезен и многу услужлив: Ова е „најпријателскиот“ аеродром во светот

Точка

13/10/2025

17:17

599

Големина на фонт

а а а

Љубезен и услужлив персонал, богати аеродромски содржини и атмосферата на аеродромот се важни фактори што патниците ги земаат предвид при оценувањето на нивното патничко искуство.

Новото истражување на британската компанија „Airport Parking & Hotels“ анализирало повеќе од 71.000 Гугл рецензиja за да открие кои аеродроми корисниците ги оценуваат како најпријателски настроени.


За да дојдат до овие резултати, тие конкретно пребарувале рецензии со зборови како пријателски, учтив, услужлив и професионален. Се покажало дека Меѓународниот аеродром „Таојуан“ во Тајван има најмногу Гугл рецензии во кои се споменува пријателски персонал – дури 73,6% од оценките се поврзани со љубезноста на неговиот персонал.



Станува збор за најголемиот и најпрометниот аеродром во Тајван, сместен во Дајуан, Таојуан – приближно 40 километри западно од Тајпеј и нуди летови до 101 дестинација низ целиот свет. Аеродромот „Cornwall Newquay“ во Обединетото Кралство се најде на второто место со 73,3% од рецензиите во кои се споменува љубезен персонал.



Меѓународниот аеродром „Нарита“ во Јапонија се најде на третото место со 73,1% позитивни рецензии. Патниците не ги импресионирала само љубезноста на персоналот, туку и широкиот спектар на содржини – од бројните ресторани до салоните за убавина.


10 аеродроми со најљубезен персонал во 2025 година, според истражувањето на „Airport Parking & Hotels“:

1. Меѓународен аеродром „Таојуан“ во Тајван

2. Аеродром „Cornwall Newquay“, Обединето Кралство

3. Меѓународен аеродром „Нарита“ во Јапонија

4. Аеродром „Саутемптон“, Обединето Кралство

5. Меѓународен аеродром „Phoenix Sky Harbour“, Аризона, САД

6. Меѓународен аеродром „Salt Lake City“, Јута, САД

7. Меѓународен аеродром „Minneapolis-Saint Paul“, Минесота, САД

8. Меѓународен аеродром „Jeju“, Јужна Кореја

9. Меѓународен аеродром „Дубаи“, Обединети Арапски Емирати

10. Аеродром „Роналд Реган Вашингтон“, Вирџинија, САД.