Болестите на срцето и крвните садови и натаму се водечка причина за смртност во светот, па докторите постојано предупредуваат дека превенцијата е клучна.
И додека често се говори за правилната исхрана, физичка активност и избегнување на стресот, кардиолозите потсетуваат дека постои и еден едноставен напиток којшто може значително да придонесе во здравјето на срцето и долговечноста.
Напитокот којшто би требало да се смести во секојдневната рутина: кардиолозите сега уште повеќе истакнуваат колку е важна хидратацијата.
Според новите препораки, редовното внесување течности може значајно да му помогне на срцето да остане здраво, особено со модерниот и забрзан начин на живот.
Експертите предупредуваат дека водата е незаменлив сојузник на срцето, без оглед на тоа дали имате проблем со тој орган или не.
„Она што го пиете е еднакво важно како и она што го јадете“, порачуваат кардиолозите, истакнувајќи дека правилната хидратација ја поддржува правилната функција на срцето и превенција на срцеви болести.
Д-р Ларс Сондергад, кардиолог и директор на одделението за срце, објаснува:
„Дехидратацијата создава дополнителен стрес на срцето. Кога телото нема доволно течност, срцето мора да работи посилно за да пумпа крв“.