[ФОТО] Наоми Кембел го покори Лондон во сензационален црн фустан: Блеска како никогаш досега, ја слави женственоста – и навистина ѝ нема рамна!

Точка

17/09/2025

13:17

1.084

Големина на фонт

а а а

Леонардо Ди Каприо, Шон Пен и многу други ѕвезди вчеравечер го „сопреа сообраќајот“ во Лондон на премиерата на спектакуларната крими-драма „One Battle After Another“.

Сепак, ништо не беше посензационално од дамата која не игра во филмот, но не сакала да го пропушти гламурозниот настан. Кога Наоми Кембел застана пред фотографите – сите заборавиле зошто дошле.

Кога се појави славната манекенка на црвениот тепих, сите други гости паднаа во втор план. Таа изгледала, со еден збор – сензационално. А и како поинаку? Бидејќи на гала-настанот во киното „Одеон Лукс“ на Листер сквер доминирала црната боја, и таа се одлучила за стајлинг во таа боја – од глава до пети.


Полупроѕирната креација со романтични детали околу вратот и изрези во пределот на деколтето е дел од актуелната есенска колекција на „Alaïa“, дизајнирана од креативниот директор Питер Мулие. Стајлингот го надополнила со чанта „Le Teckel“, модел кој оваа сезона не го испуштаат од раце Ријана и Марго Роби, со црни чевли и дијамантски накит. Како и секогаш – апсолутно фантастична!

Друштво на премиерата ѝ правела Сабрина Елба, канадска манекенка и деловна жена, а беше забележан и Едвард Енинфул, поранешниот уредник на британското издание на магазинот „Vogue“.