[ВИДЕО] Зошто вашето дете треба да биде дел од Детската трка на Виталиа?

Точка

17/09/2025

12:21

141

Големина на фонт

а а а

Во детството се поставуваат темелите на здравиот живот. Навиките што се создаваат во овие години – трчање, играње, движење – се претвораат во рутина што подоцна ја гради силата, издржливоста и здравјето на телото.

Добро е познато дека детскиот мозок најбрзо расте и се развива кога е стимулиран преку игра и движење. А најубавата „училница“ за тоа е отвореното небо. Таму децата скокаат, трчаат, истражуваат и без да забележат ја зајакнуваат својата мускулатура, координација и баланс.


Можеби понекогаш ќе слушнете: „Моето дете е премногу немирно, не може да седи мирно ниту една минута“. Но токму тоа е добар знак: детето е полно со енергија и здравје! Наместо да ја потиснуваме таа енергија, треба да ја охрабруваме и насочуваме во игра, спорт и активности на отворено. Затоа, ваквата желба треба да се охрабрува, особено кај помалите деца кои тукушто почнуваат да се запознаваат со различните типови активности на отворено.


Не е потребен сложен спорт за едно дете да се чувствува победник. За да се трча, потребни се само желба и простор. Во детскиот свет нема правила и ограничувања – постои само радост, забава и желба за нови искуства. Дозволете му на вашето дете да игра, да скока и да истражува – токму така ќе ја развива силата, ќе ја подобрува координацијата и ќе ја гради самодовербата.

Затоа, повикајте го вашето дете да стане дел од најголемиот детски спортски настан во земјава - Детската трка на Виталиа.


Традиционалната Детска трка оваа година ќе се одржи на 21 септември на Националната арена „Тодор Проески“, каде децата ќе имаат можност да трчаат како вистински професионалци. Секое дете пријавено за трката ќе добие: стартен број и тркачка маица, освежителен пијалак, производи од Виталиа за враќање на енергијата, како и медал по завршување на трката.

Притоа, секое пријавено дете ќе учествува во наградната лотарија каде што ќе може да се добијат атрактивни и вредни награди.


Регистрирањето може да се направи на следниот линк: ВИТАЛИА Детска Трка.

Пријавите се во тек.