Шенгун се огласи и вети дека ќе и донесе голем резултат на Турција во иднина

Дерби

16/09/2025

13:55

173

Големина на фонт

а а а

Турција одигра фантастичен турнир на Европското првенство, ама не успеа да го направи завршниот чекор и да дојде до пехарот на овој собир на најдобрите кошаркарски селекции на стариот континент.

Турците за нијанса беа послаби од Германија во финалето во Рига, пораз кој дефинитивно му падна тешко на селекторот Атаман и неговите избраници.

Алперен Шенгун беше најдобриот играч во својот тим, а како лидер на оваа и наредните генерации ги искористи социјалните мрежи за да испрати порака.

- Ова патување не беше само тимско патување, туку патување на цела Турција. Навистина е тешко да се изрази гордоста што ја чувствувам во моето срце. Со секоја борба, секој тренинг, секоја минута, се чувствував горд што повторно сум дел од оваа земја. Бидејќи на секој чекор, во секоја победа и секој пораз, бевме заедно – бевме едно.

- Бескрајна благодарност до нашите граѓани кои нè гледаа и нè поддржуваа, до нашиот тренерски штаб кој секогаш беше со нас, до моите соиграчи и моето семејство. Можеби денес не го носевме златниот медал, но највредното нешто што го освоивме е местото што го заработивме во срцето на секој поединец во оваа земја.

- Отсега натаму, ќе пристапувам кон секој натпревар и секој турнир со истата страст и решителност, со уште поголема самодоверба. Подемот на Турција во кошарката ќе продолжи. Верувам дека заедно ќе постигнеме уште поголеми победи. Борбата за нашето знаме е моја најголема гордост и следниот пат кога ќе го достигнеме ова ниво, ќе направам сè што можам за да го издигнам на самиот врв, -порача Шенгун кој беше избран во првата петорка на ЕП.