Фердинанд: Загрижен сум за него, не добива никакви шанси…

Дерби

16/09/2025

13:22

320

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед лошо ја отвори и оваа сезона во Премиер лигата каде на четири натпревари забележа само една победа и тоа против новајлијата Барнли од 3-2.

Минатиов викенд „црвените ѓаволи“ настрадаа во градското дерби со Сити, загубија со 3-0 и сосема очекува дојдоа нови критики пред се за менаџерот Рубен Аморим, но и за играчите.

Фудбалската јавноста, експертите се обидуваат да анализираат, посочат што е она што недостасува, кои се грешки, а секако најгласи се некогашните асови на великанот од „Олд Трафорд“.

Рио Фердинанд секако не беше задоволен од прикажаното, а во исто време истакна дека е загрижен поради еден играч, засилувањето Бенјамин Шешко. Тој не го критикува Словенецот, туку соиграчите кои не го хранат со топки за да понуди тоа што се очекува од него на теренот.

- Оној за кого се грижам е Шешко. Не добива никакви шанси, нема никакви можности, ништо не е создадено за него. Тоа е грижата. Нов напаѓач доаѓа во фудбалскиот клуб, се вклучува во тимот, мора да размислите за создавање шанси за него.

- Да го донесеме до крајот на работите. Мора да размисли како да ја заврши работата. Тоа е нешто што мислам дека треба да се разгледа и брзо да се поправи. Не сакам да размислувам за тоа што би можело да биде, - вели Рио.