Новак Ѓоковиќ веќе некое време нема титула на најголемите турнири и е „заглавен“ на бројката од 24. грен слем пехари.
Последниот пехар на најзначајната сцена Новак го освои во 2023 година, па иако оттогаш доаѓаше на самата завршница на турнирите не успеваше да го направи тој чекор и да ја дојде до 25-ката во кариерата.
Годините врват, а Ѓоковиќ во мај ќе го прослави 39 роденден и секако останува прашање, дилема дали ќе го видиме во ситуација да крене уште еден пехар во Мелбрун, Париз, Лондон или Њујорк.
Некогашниот трети светски рекет, Јаник Ноа верува дека тоа сценарио е остварливо затоа што Србинот се уште игра на високо ниво.
- Тој одигра добар натпревар против Алкарас на Отвореното првенство на САД, и покрај тоа што загуби во три сета. Се се сведе на седум или осум поени, а Алкарас ги освои. Можете да ја посочите младоста за тоа, но не сум заборавил дека секогаш велевме за Надал на почетокот на сезоната пред да го освои својот последен гренд слем дека е готов.
- Додека Новак игра, тој е опасен. На турнир, никогаш не знаете што ќе се случи. Никогаш не можете да планирате однапред. Додека е меѓу првите три или четири, секогаш може да освои уште еден грен слем, - вели Французинот.