[ФОТО] „Си беше еднаш...“: Шест месеци од трагедијата во Кочани - емотивна тишина што ја надгласува секоја реченица

Точка

16/09/2025

13:27

583

Големина на фонт

а а а

Денес се навршуваат точно шест месеци од најцрната ноќ во поновата историја на Кочани – и на цела Македонија.

Пожарот во дискотеката „Пулс“, кој одзеде 62 животи, сè уште одекнува во колективната меморија како болно потсетување на човечката и институционалната ранливост.


На овој ден, многумина повторно се свртеа кон тишината. Нема големи говори, ниту свечени настани. Само фотографии, сеќавања и болка што не избледува.


Ана Костадиновска, една од преживеаните, сподели неколку емотивни фотографии – со краток опис „си беше еднаш...“. Болката понекогаш зборува сама, тивко, но силно.

Шест месеци по трагедијата, останува прашањето: што научивме?


Македонија изгуби генерација – млади, талентирани, полни со живот. Изгуби синови и ќерки, пријатели и соништа. Изгуби дел од себе.


Истовремено, заедницата во Кочани покажува како болката може да се претвори во сила – преку хуманост, поддршка и постојана потрага по одговорност. Но одговорите сè уште ги нема.


Шест месеци подоцна, болката е иста. Само календарот се менува, а нешто што останува се спомените.



Автор: Ц.Н.