Вработените во dm drogerie markt ви препорачуваат 3 „Секогаш Поволно“ производи кои мора да ги имате овој месец

Точка

15/09/2025

15:52

215

Големина на фонт

а а а

Толку многу домаќинства од земјава успеваат во dm drogerie markt да најдат се’ што им е потребно за хигиена, нега на лице, за своето домаќинство, па дури и за милениците. Но сепак, за новите производи и промоции први дознаваат вработените се дел од семејството на dm. Тие направија листа на 5 производи од ценовниот концепт Секогаш Поволно кои едноставно мора да ги имате овој месец.

Верните корисници на производите на dm drogerie markt веќе знаат за „Секогаш Поволно“ – ценовниот концепт кој гарантира дека цените на производите остануваат исти на долг рок. Затоа, полека и опуштено, не брзајте никаде – бидејќи производите кои ќе ги прочитате во продолжение ќе бидат со иста цена и денес и утре, но и долго потоа.

Сончевите денови се’ уште не поминале, а активниот живот мора да продолжи? Нема проблем, бидејќи во дрогериите на dm можете да го најдете дезодорансот Rexona Sexy Bouquet, кој обезбедува и до 48-часовна заштита од потење. Нежниот мирис на кајсија и јасмин, крин, магнолија делува навистина пријатно, а самиот дезороданс не остава бели траги на кожата ниту на облеката, што го прави идеален за секоја пригода.

Добрата закуска скоро секогаш знае да го направи денот поубав, па затоа вработените во dm ви го препорачуваат dmBio намазот од шумско овошје – целосно органски производ кој не само што е здрав, туку и неодоливо вкусен. Тој е состојката која ви е потребна за лесен појадок или пак за кратка, но слатка ужина. Во ознаката dmBio добивате гаранција дека купувате висококвалитетни производи, кои се изработени без употреба на вештачки ароми, бои и конзерванси, изобилуваат со широк спектар на вкусови и се целосно автентични, благодарение токму на органското и контролирано производството.


Последна, но не и помалку важна е грижата за домот. Бигорот е голем непријател на секое домаќинство, но справувањето со него е лесно кога знаете за Denkmit. Средството за отстранување бигор на Denkmit лесно се справува со наталожениот бигор и особено е ефективно за чистење на бањи и кујни. Употребата е многу лесна: едноставно нанесувате, оставате да делува и потоа бришете со чиста крпа. Лесно како 1, 2, 3!

Овие совети на вработените во dm drogerie markt ќе ви помогнат да го најдете она што ви е потребно вам, на семејството или на вашето домаќинство. Искористете најмногу за вашите пари. Посетете ги дрогериите на dm drogerie markt и одберете ги вашите омилени производи, по одлични цени!

Комерцијален текст