[ФОТО] Софија Вергара го пропушти доделувањето: „Не стигнав на Еми наградите, но стигнав на итна помош“

Точка

15/09/2025

15:22

1.128

Големина на фонт

а а а

Софија Вергара била приморана да ја пропушти доделата на наградите Еми 2025 поради силна очна инфекција.

Актерката од серијата „Modern Family“ требала да биде една од презентерките на свеченоста што во неделата навечер во Лос Анџелес ја организираше Академијата за телевизиски уметности и науки. Сепак, Вергара се огласила на Инстаграм откако доделувањето веќе започнало и споделила дека нема да присуствува бидејќи побарала лекарска помош на итен прием.

„Не стигнав на Еми, но стигнав на итна. Жал што морав да откажам! Најлудата алергија на окото баш пред да седнам во автомобил“, напишала таа.


Освен тоа, Вергара објавила крупна фотографија на која се гледа нејзиното отечено око и видео во кое се обидува да го исплакне окото со вода во болничкиот мијалник, а бројни познати следбеници на 53-годишната актерка ѝ испратија пораки со поддршка.

„О, не! Брзо оздрави!““  напишал Тери Круз, додека Линда Евангелиста дала совет: „Необично е да имаш алергија само на едното око, дерматолог може да помогне.“

Малин Акерман и Британи Сноу ја замениле Вергара на доделата на Емите.

Ѕвездите на серијата „The Hunting Wives“ ја доделиле наградата за најдобар главен актер во лимитирана или антологиска серија или филм, која ја освои Стивен Греам за „Adolescence“.

Не беше единствената која изостанала од доделувањети на Еми

Вергара не била динствената ѕвезда што годинава ја пропушти свеченоста.

Ерик Дејн исто така требало да врачи една награда, но не се појави.


Претставниците на 52-годишниот актер, кој во април објави дека му е дијагностицирана амиотрофична латерална склероза (ALS), сè уште не се огласиле за неговото отсуство.

Свеченоста ја водел Нејт Баргатзе, а сериите „Severance“, „The Studio“, „The Pitt“ и „Adolescence“ беа меѓу најголемите победници на вечерта.