[ФОТО] „Тато дојди...“: Тага во семејството на Ивона Јо, пејачката го загуби својот татко

Точка

15/09/2025

16:30

1.537

Големина на фонт

а а а

Македонската јавност со неверување ја прими веста дека почина таткото на пејачката Ивона Јо. Заминувањето на најблискиот секогаш носи најдлабока болка, а Ивона својата тага ја сподели со следбениците преку емотивна објава на социјалните мрежи.

„Тато не се договоривме вака… еј… Тато дојди…Тато. Известување до сите роднини и пријатели - Погребот ќе биде одржан во с. Љубодраг утре во 13 часот,“ напиша вчеравечер Ивона на социјалните мрежи. Со овие зборови, пејачката ја пренесе својата болка.

Веста предизвика бројни реакции кај нејзините обожаватели и колеги од естрадата, кои испратија пораки за поддршка и сочувство. Коментарите се исполнети со зборови на утеха, молитви и желби за сила во овие тешки мигови.

Ивона Јо отсекогаш истакнувала дека семејството е нејзината најголема вредност, а таткото бил личноста на која секогаш можела да се потпре. Неговото заминување е огромна загуба, но љубовта, советите и спомените што ги остави ќе продолжат да живеат во неа и во сите што го познаваа.

Нека му е вечна славата и светол спомен!

Автор: Ц.Н.