Природни намирници кои се полни со колаген: Јадете ги секојдневно и по еден месец ќе забележите резултати

Точка

15/09/2025

12:54

2.689

Големина на фонт

а а а

Колагенот е протеин кој е неопходен за здравјето и функцијата на сврзното ткиво во телото. Тој ги поврзува различните делови, како што се кожата, коските и органите, и му дава облик на телото. Без колаген, телото би изгледало многу поинаку.

Колагенот стана еден од најпродаваните додатоци во исхраната за подобрување на здравјето на косата, кожата и ноктите. Според „Google Trends“, онлајн пребарувањата за него постојано растат во последните пет години.

Со стареењето, одржувањето на нивото на колаген станува сè потешко. Тоа се должи на фактот дека со текот на времето телото сè потешко апсорбира доволно хранливи материи потребни за негово производство. Овој протеин најбрзо опаѓа поради пушење цигари, строги диети, прекумерна консумација на алкохол, како и недостаток на сон и седентарен начин на живот. Но, освен откажувањето од лошите навики, вреди да се преиспита и исхраната. Во овој текст ќе погледнеме кои намирници содржат најмногу колаген.


Зошто е колагенот толку корисен?

Колагенот обезбедува цврстина на различни структури во телото и ја штити кожата, спречувајќи навлегување и ширење на патогени, токсини од околината, микроорганизми и клетки на рак. Намалувањето на колагенот води до помалку флексибилни тетиви и лигаменти, слабеење на мускулите, болки во зглобовите и гастроинтестинални проблеми. Исто така, го забавува растот на косата и придонесува за нејзино проретчување.

Оптималното ниво на колаген носи:

- Подобрување на тонусот на кожата

- Намалување на опаѓањето на косата

- Подобар сон

- Силни мускули

- Здрави коски и срце

- Зајакнување на имунолошкиот систем

- Продолжување на животниот век

- Обнова на хормоналната рамнотежа

- Смирување на нервниот систем


Намирници богати со колаген

Пилешко месо

Месото содржи многу сврзно ткиво, па затоа пилешкото е одличен извор на колаген, особено батакот.

Риба

Лососот, туната и пастрмката со кожа се одлични извори на колаген. Најмногу го има во рибината кожа. Освен тоа, рибата обезбедува и омега-3 масни киселини и витамин Д.

Јајца

Белките содржат глицин и пролин – главни аминокиселини на колагенот. Жолчките се богати со витамин Д и здрави масти што ја поддржуваат кожата, коските и мускулите.

Внатрешни органи

Колагенот тип 1 најмногу го има во органите како црн дроб, срце, мозок и бубрези.

Супа од коска

Се подготвува со долго варење на коски и сврзно ткиво (најчесто од пилешко, говедско или мисирка), со што се извлекува колагенот. Може да се збогати со зеленчук и зачини.

Домати

Богати се со витамин Ц, кој го поттикнува производството на колаген. Најдобро е да се јадат свежи или сушени.

Авокадо

Полно со витамин E и здрави масни киселини кои ја штитат кожата. Содржи и калиум, растителни влакна и многу други хранливи материи.

Јаткасти плодови и семиња

Извори на цинк и бакар, кои се важни за синтеза на колаген: семки од тиква, сусам, индиски ореви, бадеми.

Лиснат зеленчук

Кељот и спанаќот се богати со витамин Ц, цинк и бакар – моќна комбинација за создавање колаген.

Бобинки

Јагоди, капини, малини и боровинки – сите овие бобинки се богати со витамин Ц и елагинска киселина, која ја штити кожата од УВ оштетувања.

Желатин

Облик на колаген добиен со варење коски и ’рскавица. Во прав лесно се додава во смути или разни пијалаци.

Лук

Содржи сулфур и аминокиселини кои го поттикнуваат создавањето на колаген и го забавуваат неговото намалување.

Грав

Богат е со протеини и аминокиселини (лизин, леуцин, валин) кои се важни за синтезата на колаген.

Цитрусни овошја

Портокалот, лимонот, лиметата и грејпфрутот се полни со витамин Ц.

Брокула

Покрај витамин Ц, содржи и калциум, важен за здрави коски.

Црвена пиперка

Содржи ликопен, кој штити од оштетувања предизвикани од УВ зраци.


Колагенски суплементи

Колагенот првично се користел во креми и серуми, но се покажало дека најдобро се апсорбира кога се внесува во организмот. Денес е достапен во форма на таблети, прашок и напитоци. Многу производи содржат и додатоци како витамин Ц, биотин и цинк за подобар ефект. Пред употреба, секогаш се препорачува консултација со лекар.