Црвениот тепих беше поставен, рефлекторите засилени, а холивудската елита – испеглана. Буквално. На доделувањето на наградите Еми 2025 во неделата, видовме сè: од кралски изданија во кадифе, до стилски автоголови кои нè натераа трипати да зумираме и да се прашаме: „Дали ова е реално?“.
Фустани што им пркосат на законите на физиката, сакоа кои гласно велат „јас сум тука“, и модни детали кои оставија повеќе прашања отколку модни одговори.
Ѕвездите дале сѐ од себе за да заблескаат. Некои погодија џекпот, а другите… па, да речеме дека барем обезбедија содржина за коментари.
Во фотографиите во продолжение ги издвоивме најдобрите, најчудните и најкоментирани комбинации од црвениот тепих. Погледнете и проценете сами – дали модниот хаос ги оправда сите тие светки?