Крај на една ера: Кованиците со ликот на кралицата Елизабета II последен пат во оптек

Точка

23/08/2025

10:18

396

Големина на фонт

а а а

Последната серија кованици од една фунта со ликот на кралицата Елизабета II влегува во оптек, соопшти „Кралската ковница“. Повеќе од 23 милиони вакви кованици, датирани од 2021 и 2022 година, ќе бидат пуштени во оптек низ цела Велика Британија.

Оваа серија го означува крајот на едно историско поглавје во наследството на британската ковница и симболизира транзиција на монархијата, пренесува „BBC“.


Истовремено, во оптек ќе бидат пуштени и дополнителни 7,5 милиони кованици од една фунта со ликот на кралот Чарлс III, чиј портрет ќе се појавува на кованиците од 2023 година.


„Сведоци сме на физичко претставување на транзицијата на нашата монархија“, изјави директорката за комеморативни кованици во „Кралската ковница“, Ребека Морган, додавајќи дека новите кованици би можеле да поттикнат нови генерации да се заинтересираат за нумизматика.