Нетанјаху: Германија го наградува тероризмот на Хамас

Макфакс

08/08/2025

19:49

389

Големина на фонт

а а а

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денес му рече на германскиот канцелар Фридрих Мерц дека е разочаран од неговата одлука да воведе ембарго за извоз на оружје за Израел, оценувајќи дека оваа одлука ќе ја награди палестинската милитантна група Хамас.

„Наместо да ја поддржува праведната војна на Израел против Хамас, кој го изврши најстрашниот напад врз еврејскиот народ од Холокаустот, Германија го наградува тероризмот на Хамас со воведување ембарго за извоз на оружје за Израел“, рече Нетанјаху, соопшти неговиот кабинет, објави The Times of Israel.

Нетанјаху, исто така, изјави „дека целта на Израел не е да ја преземе Газа, туку да ја ослободи Газа од Хамас“.

Мерц претходно денес изјави дека германската влада го суспендира извозот на каква било воена опрема во Израел што може да се користи во Појасот Газа.

Оваа одлука доаѓа како реакција на планот на Израел за проширување на воените операции во палестинската енклава.