Зошто е важно да се користи крема за сонце секојдневно?

Точка

06/08/2025

22:40

481

Големина на фонт

а а а

Користењето крема за сонце не треба да биде само сезонска навика или нешто што се прави само кога е интензивно сонцето. UV-зраците се присутни цела година и можат да предизвикаат трајни оштетувања на кожата ако не се заштитува правилно. Редовната употреба на крема за сонце ја одржува кожата здрава, сјајна и подмладена.

Зошто е важно да се користи крема за сонце секојдневно?

Заштита од UV-зрачење: UVA и UVB зраците предизвикуваат изгореници, уништување на колагенот, предвремено стареење и го зголемуваат ризикот од рак на кожата.

Превенција од предвремено стареење: Кремата за сонце штити од разградување на еластинот и колагенот, што помага да се избегнат брчки, фини линии и темни дамки.

Поголема рамномерност на тенот: Со заштита од пигментација и дамки од сонце, лицето останува посвежо и со еднаков тен.


Organic Shop нуди веганска, дерматолошки тестирана колекција на креми за сонце, формулирана за различни типови кожа. Со модерни хемиски УВ-филтри кои обезбедуваат широк спектар на UVA/UVB заштита – без авобензон или октокрилен, состојки кои се дестабилизираат при контакт со сончеви зраци и може да предизвикаат хормонални нарушувања.

Овие филтри се апсорбираат целосно, без да остават бел траг како минералните креми, и притоа овозможуваат висока заштита со лесна, удобна текстура. Погодни се за под шминка и пријатни за носење секој ден.

Секоја формула е прилагодена за потребите односно за сува/нормална кожа, ботанички екстракти кои хидрираат и тонираат додека за мрсна кожа е додаден цинкот кој помага да се контролира сјајот и производството на себум. Составот е без минерални масла, парабени, силикони, SLS/SLES, микропластика и други синтетички загадувачи – во согласност со етичкиот концепт на чиста убавина на Organic Shop.

Body Lotion SPF 30

Лесна и немрсна формула со SPF 30 која брзо се впива и обезбедува стабилна UVA/UVB заштита. Содржи екстракт од малина, богат со елагична киселина, која помага да се забави стареењето на кожата и ја заштитува од изгореници.    

Body Lotion SPF 50

За повисоко ниво на заштита, SPF 50 лосионот нуди силна одбрана од интензивно сонце. Содржи антиоксиданси и екстракт од малина за хидратација и превенција од фотостареење.


Day Face Cream SPF 30 – Нормална до Сува Кожа

Хидратантна дневна крема со SPF 30, наменета за нормална до сува кожа. Богата со екстракт од морков – полн со витамини и антиоксиданси, кои го изедначуваат тенот и ја штитат кожата од оштетувања предизвикани од сонце.


Day Face Cream SPF 50 – Нормална до Сува Кожа

Највисока заштита за чувствителна и сува кожа. Содржи екстракт од малина и ботанички витамини за забавување на стареењето и обновување на сјајот на кожата, со силна UV заштита.


Day Face Cream SPF 30 – Мрсна Кожа

Лесна формула со SPF 30 наменета за мрсна кожа. Содржи екстракт од брусница – богат со витамини за поддршка на обновувањето на кожата, како и цинк PCA за намалување на себумот и матирање.


Day Face Cream SPF 50 – Мрсна Кожа

Најсилната заштита за мрсна кожа. Комбинира антиоксиданси, екстракт од брусница и цинк за заштита, хидратација и регулирање на мрснотијата, додека ја минимизира штетата од надворешни влијанија.


Organic Shop нуди и After-Sun формули (за лице и тело), збогатени со 5% пантенол и ментол, за разладувачки и хидратантен ефект по изложување на сонце. Хидрираат во длабочина и помагаат да се намали црвенилото, сувоста и чувството на затегнатост, правејќи ја кожата повторно мека, еластична и освежена.


Квалитетната заштита од сонце не само што штити од зрачење, туку и помага во превенција на предвремено стареење. Формулите се збогатени со витамини A, PP, E, B5 и бисаболол, обезбедувајќи антиоксидантна заштита и длабинска нега со секоја употреба. За уште посилна заштита и хидратација се одговорни природните екстракти познати по своите заштитни и негувачки својства:

Екстракт од морков: Богат со бета-каротен, го штити кожното ткиво од UV оштетувања и длабински ја храни кожата.


Екстракт од малина: Богат со витамини C и E, го навлажнува и негува сувиот тип на кожа.


Екстракт од праска: Содржи антиоксиданси и минерали кои го подобруваат изгледот и здравјето на кожата.


Екстракт од брусница: Природен антиоксиданс кој ја зајакнува и ревитализира кожата.

Кокосово масло: Природен извор на хидратација и заштита, особено корисен после изложување на сонце.


Кој SPF да се избере?

SPF 30 е доволен за секојдневна употреба во урбани или умерени услови.

SPF 50 е препорачлива за подолги изложувања на силно сонце, за чувствителна кожа или активности на отворено (на пример, море, планина, спорт).


Широкоспектарна заштита со стабилни, модерни УВ филтри – без авобензон или октокрилен кои можат да бидат штетни или нестабилни.

Чисти и вегански формули, без штетни хемикалии, микропластика, парабени и сулфати.

Формулирани по тип на кожа – со цинк за мрсна кожа и растителни екстракти за хидратација на сувата кожа.

Невидлив финиш, совршени за под шминка или секојдневна употреба – без бел траг.

Достапен квалитет – врвна заштита и нега по прифатлива цена, со корисни ботанички состојки.


Производ SPF         За тип кожа                           Главни придобивки

Body Lotion 30/50     Тело           Водоотпорен, екстракт од малина, антиоксиданси

Face Cream 30         Нормална–Сува                                Морков, хидратација

Face Cream 50         Нормална–Сува             Висока заштита, анти-стареење состојки

Face Cream 30          Мрсна                              Брусница цинк PCA за контрола на мрснотија

Face Cream 50           Мрсна                              Висока заштита + регулација на себумот

Како се користи:

• Нанесете обилно 15 минути пред изложување на сонце.

• Повторете нанесување на секои 2 часа, или по капење или потење.

• За лице користете специјализирана крема; за тело – лосионот.

• За сува кожа – изберете формула за нормална/сува кожа; за мрсна – користете ја матирачката варијанта.

• Комбинирајте со after-sun производи со панте¬нол и ментол (5%) за смирување и хидратација после сончање.


По изложување на сонце, особено кога кожата е осетлива или иритиранa, идеално е да се вклучи термална вода од Jonzac како дополнителна нега. Дефинитивно моќен сојузник на кремите за заштита од сонце. Оваа 100% природна вода, со изотонична структура слична на човечките клетки, обновува, хидрира и смирува.

Клучни придобивки од термалната вода од Жонзак:

• Обнова на кожната бариера – со зголемување на филагрин

• Зголемена хидратација – поддржана од клинички тестови

• Смирување на воспаление и црвенило – особено по УВ-изложување

• Регенерација на клетки – за поздрава и посјајна кожа

Со присуство на минерали како калциум, магнезиум, стронциум и сулфати, оваа вода делува антиалергиски, антибактериски и заштитно.


Испрскајте ја кожата со термална вода од Jonzac пред нанесување на SPF за подобро примање на активните состојки, и после сонце – за смирување и ревитализација.

Сончевата линија на Organic Shop претставува совршен спој на безбедна нега за кожата и грижа за природата. Без разлика дали ви треба хидратација или контрола на сјајот, овие формули се создадени за да одговараат на вашиот ритам – идеални за секојдневие, патување и секоја прилика, без компромис.

Најдобриот дел? – Organic Shop сончевите креми моментално се на акција! Сега е совршен момент да инвестирате во здрава и безбедна заштита од сонцето, по најповолна цена.

Заштитете ја кожата. Негувајте ја длабински. Заблескајте природно – со Organic Shop.

Комерцијален текст