Кампот „Стомио“ преполн со Македонци – ова лето нема место ни за шатор

Денар

01/08/2025

14:22

3.324

Големина на фонт

а а а

Оваа втора половина на летото, ако сте планирале летување во Стомио – грчкиот камп кај Лариса кој важи за едно од најповолните места за одмор покрај море – ќе треба да барате алтернатива.

Кампот е веќе распродаден за цела сезона, а според информациите на лице место, доминираат гости од Македонија, кои секоја година во сè поголем број го избираат ова место за семеен одмор.

Причините? Очигледни. За 6 евра по ноќ по лице, под сенка од планина и веднаш до песочна плажа, малку кој може да најде поевтин и попогоден начин да помине лето со целото семејство.


„Со 1.150 евра, четиричлено семејство може да помине цела сезона, од 15 мај до 10 септември. Тоа се 90 денови, што значи по околу 13 евра дневно за сите четворица“, објаснува Јасмина, мајка на две деца од Куманово, која со приколка доаѓа во Стомио веќе петта година по ред. „Имаш и море и планина. Утринска свежина, тишина, песочна плажа – за децата рај“.

Сместување и ценовник

Кампот нуди сеопфатен ценовник што го прилагодува на различни категории гости. Една ноќ по лице чини 6 евра, но за деца до 5 години е бесплатно, додека за оние до 12 години се плаќа 3,5 евра.

Попусти има и за големи семејства, лица со попреченост (над 67%) и пензионери, каде ноќевање чини само 5 евра.

Автомобил или брод? И едното и другото се внесуваат преку капија по цена од 3,5 евра. За приколка, шаторска опрема или трејлер цената е 7 евра. Доколку некој доаѓа само како посетител на повеќе од два часа – ќе плати 3 евра.

Но вистинската „зделка“ е сезонското место за караван – за 1.250 евра (или 1.150 со попуст при еднократна уплата), четири члена од семејство можат да живеат тука цело лето. За секое дополнително лице над четири се доплаќа симболични 70 евра.


„Како втор дом“

Многу од гостите имаат веќе традиција да се враќаат во Стомио секоја година.

Привлечноста на кампот е во неговата едноставност – нема луксуз, но има сè што е потребно: чисти тушеви, продавници, таверни, и најважно – непосредна близина до песочна и уредена плажа која е безбедна за деца.

„Планината Оса е веднаш зад нас, морето пред нас, а вечерите се свежи и тивки. Штедиме, децата се среќни, не ни треба хотел или луксуз. Ова е одмор каков што треба да биде“, раскажува Александар од Скопје, кој со сопругата и двете ќерки доаѓа од средината на јуни.


Полн уште од мај

Оваа година, според управата на кампот, сите сезонски места за каравани се резервирани уште од средината на мај. Се прифаќаат само еднодневни посетители ако се најде слободно место, што е реткост.

„Побарувачката од македонски туристи расте секоја година. Не само поради цената, туку и поради чувството на заедница. Повеќето гости се веќе познаници. Некои дури и ги оставаат приколките тука преку зима“, додаваат од управата.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.