[ФОТО] Чорап на Мајкл Џексон продаден на аукција за 6.200 евра

Точка

31/07/2025

12:31

635

Големина на фонт

а а а

Еден сјаен чорап што го носел кралот на поп музиката, Мајкл Џексон за време на неговата француска турнеја во 1997 година, беше продаден на аукција во градот Ним за 6.200 евра, објавија организаторите.

Чорапот, украсен со кристали, првично беше проценет на 4.000 евра и имаше посебна вредност бидејќи Џексон го носел за време на спектакуларниот настап во Ница, на стадионот „Charles Ehrmann“, на 27 јуни 1997 година, за време на изведбата на песните „Beat It“ и „Billie Jean“, пренесува „Figaro“.

Овој предмет го пронашол тогашниот сценски техничар во близина на гардеробата по концертот. Тој го зачувал чорапот заедно со тогашната пропусница за бекстејџ и платниот список, кои послужиле како доказ за автентичност.

Претходниот обид за продажба на 21 јули не успеал поради, како што се наведува, слабата медиумска покриеност.


Новиот термин за аукцијата предизвика поголем интерес кај колекционерите, па чорапот беше продаден за повеќе од двојно од почетната цена, која изнесуваше 2.500 евра.

Шеширот што музичарот го носел за време на неговата прва изведба на танцот „moonwalk“ на телевизија во 1983 година, беше продаден минатата година во Париз за 77.640 евра.