[ФОТО] Лежалка и чадор за половина евро, кафе 2 евра: Евтина туристичка дестинација која ги воодушевува Балканците – таму цените не се менуваат веќе 10 години

Точка

24/07/2025

20:42

6.284

Големина на фонт

а а а

Во екот на летната сезона, многу од туристите разгледуваат алтернативни дестинации надвор од Грција и Црна Гора, а бугарското приморје сѐ почесто се наметнува како опција.

И, додека од една страна се води полемика за квалитетот на услугата, од друга конкретните бројки покажуваат дека летувањето во Бугарија може да биде значително поповолно.

Екипа на една бугарска телевизија посетила некои од најпопуларните плажи на југот од земјата и ги забележала актуелните цени на плажите.

Како што тврдат од терен, поскапувања нема, а одредени плажи и натаму нудат сет за плажа целосно бесплатно, со препорачана консумација во локалот.


Сет за плажа во Бургас – половина евро

На една плажа во Бургас, сетот за плажа е 1,20 лева (околу 0,61 евро) за чадор и лежалка. Пред локалот којшто нуди лежалки и душеци цените се малку повисоки – околу 8 лева (4,10 евра).

Во Созопол и јужно од него, главните гости претежно се Бугари. Токму поради тоа на плажата „Каваци-Север“ цените со години не се менуваат.

„Цените не се менуваат веќе 10 години“

„Цените ни се 9 лева (околу 4,60 евра) за чадор, 8 лева (околу 4,10 евра) за лежалка. Комплет, две лежалки и чадор, 25 лева (околу 12,80 евра). Мислам дека цените не се смениле десет години“, изјавил управникот на плажата Даниел Бадев.

Покрај зоните за плажа кои се плаќаат, туристите можат да се сместат и пред угостителските објекти каде можат бесплатно да користат чадор и лежалка, но под еден услов.

„Главно работиме преку резервации. Чадорите и лежалките не се наплаќаат. Она што се препорачува е некоја основна консумација. Двајца, тројца луѓе кои можат да потрошат 40-50 лева“, објаснил Александар Геогриев, управник на еден бар на плажа.


Временско ограничување – не постои

Временско ограничување на користење лежалки не постои. Но, веднаш се поставува прашањето: Кои се цените на пијалаците на тие места?

Врз основа на информациите од терен, кафе чини 3,90 лева (околу 2 евра), додека пак свежо цеден сок е 7 лева (околу 3,60 евра). На соседната плажа Смокинја-Север, ситуацијата е слична.

„На територијата на угостителските објекти, користење на чадорите и лежалките е целосно бесплатно. Постои препорачана минимална консумација од 10 лева (околу 5 евра) за две лежалки, што се смета за целосно нормално“, вели Петар Ивов, сопственик на еден бар на плажа.


„Клучот кај сите угостители е квалитетна услуга“

На многу од плажите на јужната страна од Црното море постојат локали кои нудат и користење на луксузни индивидуални шатори. Цените, секако дека се истакнати, па гостите однапред знаат колку ќе платат.

„Клучот кај сите угостителски објекти, храната и пијалаците е квалитетна услуга, добри цени и квалитетен производ. Тогаш никој нема да погреши. Не знам зошто поголем дел од Бугарите ја бираат Грција наместо Бугарија. Мислам дека Бугарија е многу подобра дестинација за туризам, со квалитетна понуда и подобри цени и квалитет. Летувањето во Бугарија може да биде многу поевтино од Грција“, истакнува Ивов.