Осум турски војници загинаа во пештера во Ирак

Макфакс

07/07/2025

09:20

427

Големина на фонт

а а а

Осум турски војници загинаа откако беа изложени на метан за време на операција за пребарување во пештера во северен Ирак, соопшти Министерството за одбрана.

Во соопштението, министерството извести дека инцидентот се случил во неделата за време на мисија за пронаоѓање на останките на турски војник убиен за време на воена операција против забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК).

Единаесет други војници кои исто така биле изложени на гасот во пештерата биле однесени во болница на лекување, соопшти министерството.