Човечко тело било пронајдено изгорено во помошна просторија по пожарот што вчера избувна кај мостот на реката Лепенец, во близина на Железничката станица во Ѓорче Петров, потврдија од Министерството за внатрешни работи за „Макфакс“.
Пожарот, пријавен околу 18 часот, прво зафатил сува трева, но потоа се проширил и на неколку помошни објекти и штали во кои имало домашни животни. Бригадата за противпожарна заштита Скопје интервенирала и го изгаснала пожарот.
„Во една од помошните простории било пронајдено изгорено човечко тело, како и изгорени тела од добиток“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.