Ова се казните во европските држави ако возите автомобил во папучи

Точка

02/07/2025

20:55

2.117

Големина на фонт

а а а

Со доаѓањето на летото, тешките зимски чевли ги заменуваме со полесна облека за нозете – апостолки, папучи, сандали – но ретко кој се прашува дали ваквата обука е безбедна за возење или воопшто законски дозволена.

Иако возењето со отворена или лесна обувка за многумина е удобно и практично, експертите и европските авто-клубови предупредуваат дека тоа може да претставува сериозен ризик во сообраќајот. Папучите лесно може да се заглават под педалите, а времето за реакција и прецизноста при кочење значително се намалуваат.

Во продолжение следува преглед на правилата во различни европски земји и што може да ве снајде доколку возите „неприкладно облечени“, пренесува "revijahak.hr".


Што велат европските закони за возење со апостолки или боси нозе?

• Белгија, Данска, Финска, Луксембург: Нема конкретни закони за обувките – возењето со апостолки или боси нозе е дозволено.

• Чешка: За приватни возачи нема ограничувања, но професионалните возачи мора да носат соодветна обувка.

• Италија: Нема директна забрана, но во случај на сообраќајка, осигурувањето може да одбие исплата доколку сте биле со неприкладна обувка.

• Германија: Законот бара возачот секогаш да управува безбедно со возилото, што индиректно значи дека се обесхрабрува носењето апостолки, сандали без ремчиња или возење бос. Нема казна, но осигурувањето може да ја намали или одбие исплатата.

• Шпанија: Возењето со апостолки или боси нозе е забрането. Казна: 80 евра.


• Словенија: Нема директна забрана, но полицијата може да издаде усно предупредување и да препорача цврста и стабилна обувка.

• Унгарија: Нема прецизни одредби, но доколку се случи несреќа, обувка може да влијае врз одговорноста на возачот.

• Холандија: Законот не пропишува конкретно што е дозволено, но во случај на инцидент, типот на обувка може да се земе предвид при утврдување вина.

• Австрија: Нема казни за возење со апостолки или боси, но во случај на несреќа, возачот може да биде прогласен за одговорен доколку се утврди дека несоодветната обувка придонела за инцидентот.

• Обединето Кралство: Законот бара возачот да има обувка која овозможува безбедно управување. Возење со апостолки или боси нозе може да резултира со казна.

• Хрватска: Нема законска забрана, но експертите предупредуваат дека апостолките го продолжуваат времето на реакција и ја намалуваат ефикасноста на кочење.

Заклучок: Апостолките лесно можат да се заглават под педалите, што дополнително го зголемува ризикот. Иако во многу земји не постои формална забрана за ваков тип на обука, речиси сите експерти и авто-клубови се согласуваат – не е безбедно. Доколку сакате сигурна и одговорна возачка практика – и поддршка од осигурувањето – најдобро е зад волан да седнете со затворена, цврста обувка што добро прилега на стапалото.