Ноќевање до 30 евра, кафе и ручек до 10 евра: Ова место на Јадранот стана симбол на пристапно летување

Точка

13/06/2025

12:15

7.258

Големина на фонт

а а а

Доколку планирате да одите на море, а не сакате да го испразните целиот паричник, тогаш Неум во Босна и Херцеговина може да биде идеално решение за вас.

Единствениот град во Босна и Херцеговина којшто излегува на море сѐ повеќе ги привлекува туристите од регионот и тоа првенствено поради значително пониските цени за сместување и храна во споредба со популарните јадрански дестинации.

Како што пренесува „Слободна Далмација“, Неум е симбол за пристапно летување на Јадранот. Цените се толку поволни што некои посетители велат дека за парите кои би ги потрошиле на еден ручек на хрватското крајбрежје, таму можат да преспијат, да пијат кафе и да се најадат.


Ноќевање од 30 евра, без скриени трошоци

На страниците како што се „Boooking“, „Airbnb“ на почеток на сезоната може да се најде студио апартман и соби за околу 30 евра од вечер и тоа на 100 метри од морето. Многу од сместувањата нудат и клима, Wi-Fi и бесплатен паркинг, а поради големата потрошувачка се советува да си резервирате сместување однапред.

Кафе, ќебапи и пиво за помалку од 9 евра

Освен сместувањето, во Неум особено се примамливи и понудите за храна и пијалаци за поволни цени. Кафето во кафулињата чини од 4 до 5 конвертибилни марки (околу 2 до 2,5 евра), додека пак може да ручате за 7 до 10 конвертибилни марки, односно 3,5 до 5 евра. Тоа значи дека за помалку од 8,5 евра може да испиете кафе, да јадете и да пиете.


„Во Босна, Неум... Сето тоа е 3 до 5 пати поевтино“

Популарноста на Неум меѓу туристите од Хрватска сѐ повеќе расте. Како што пренесува „Загреб.инфо“, еден турист од Хрватска на прашањето каде оди на летување одговорил:

„Во Босна, Неум... Цените се 3 до 5 пати пониски отколку во Хрватска, а море како море“.

За многумина кои сакаат да уживаат во летувањето, без драстично загрозување на буџетот, Неум претставува одлична опција. Морето е исто, а сметките далеку пониски.