[ФОТО/ВИДЕО] Холандските граѓани контролирале возила на граница – Министерот им порача: Не земајте го законот во свои раце

Точка

09/06/2025

09:39

1.564

Големина на фонт

а а а

Среде жестоката дебата за политиката за азил во Холандија, граѓаните почнале да организираат проверки на возила на германската граница, и покрај предупредувањето на владата дека тоа е нелегално.

Завчеравечер, луѓе облечени во елеци со висока видливост и батериски светилки запирале автомобили на федералниот автопат што води од Харен во Долна Саксонија до централниот прифатен центар за бегалци во Тер Апел во Холандија. Ова го објавија медиумите, а некои објавија и видеоснимки од проверките.

Холандската влада падна пред една недела поради несогласувања околу построгите политики за азил. Вршителот на должноста министер за миграција, Дејвид ван Вил, синоќа ја повика јавноста да не го зема законот во свои раце. „Приливот на баратели на азил мора да се намали. Затоа се залагаме за построги закони за азил и подобри гранични контроли“, рече тој.

Десничар: Тоа е фантастична иницијатива

„Фрустрацијата е разбирлива, но не го земајте законот во свои раце. Дозволете им на полицијата и граничната полиција да ја работат својата работа. Почитувајте го законот“, порача Ван Вил.

Сепак, десничарскиот популист Герт Вилдерс ја опиша иницијативата како фантастична. „Ова треба да се направи насекаде долж границата“, рече тој. „Ако премиерот веднаш не ја распореди војската за да врши гранични проверки, ние самите треба да го сториме тоа“, додаде тој. Вилдерс рече дека со задоволство би учествувал во следните гранични проверки организирани од граѓаните.


Минатата недела тој објави дека неговата партија, најголемата во холандската коалиција од четири партии, се повлекува од коалицијата, што доведе до нејзин колапс. Тој ја образложи оваа одлука со неподготвеноста на другите коалициски партнери да ги исполнат неговите барања за построг став во врска со политиката за азил.