Мисајловски во Брисел на состанок на министри за одбрана на НАТО

Макфакс

04/06/2025

15:57

115

Големина на фонт

а а а

Во пресрет на претстојниот Самит на лидери на НАТО закажан за 24 и 25 јуни, министерот за одбрана Владо Мисајловски денес и утре престојува во Брисел каде ќе учествува на состанокот на министри за одбрана на земјите членки на НАТО.

„Утрешниот министерски состанок е продолжение на подготовките за Самитот на НАТО и на истиот е предвидено да се разговара за новите Цели на способност во насока на зајакнување на одвраќањето и одбраната, зголемување на инвестициите наменети за одбрана, поддршката за Украина и нуклеарно одвраќање“, соопшти Министерството за одбрана.

Попладнево министерот Мисајловски ќе учествува на 28от состанок на Контакт групата за Украина, кој се одржува во организација на секретарот за одбрана на Обединетото Кралство, Џон Хејли и министерот за одбрана на Сојузна Република Германија, Борис Писториус.