Новак Ѓоковиќ е симбол за компетитивност и неверојатна истрајност на тенискиот терен, но дел од неговиот каратер содржи и одредена доза на нервоза, која често знае да ја истури врз своите најблиски соработници и членови на семејството.
Сцените во кои Ноле жестоко вика по луѓето во својот бокс се навистина честа слика на најголемите турнири, па иако овие ситуации секогаш завршуваат со извинување и поделени срца, Србинот самиот е свесен дека тоа му е најлошата страна на тенискиот терен.
– На теренот се чувстуввам како ѕвер кој гледа само како да победи. Се борите самиот со себе, со емоциите, со различни фактори кои влијаат од времето, притисокот и тензијата. Тенискиот терен е едно големо борилиште, борбата трае од првиот до последниот поен и мисијата е само една, да победите.
– Сакам да играм да се натпреварувам и надвор од тенискиот терен, но сепак јас сум целосно различна личност од онаа која ја гледате на теренот. Сметам дека тоа е добро за мене, мора да постои некој баланс.
– Ако бидам сериозен цело време и ако викам по секој како што тоа го правам со мојот тим за време на мечот, тоа не би било добро. Најверојатно не би бил ниту во брак, – изјави Ѓоковиќ со насмевка на лицето.
Србинот вечерва ќе биде дел од своето 19-то четвртфинале на Ролан Гарос, а негов противник на патот до полуфиналето ќе му биде Саша Зверев.