Алкалоид со прва порака по освоениот пехар во Европскиот Куп: Ова не е само победа, ова е…

Дерби

05/06/2025

12:56

1.266

Големина на фонт

а а а

Екипата на Алкалоид и официјално дојде до најголемиот успех во својата клупска историја, трофејот во Европскиот куп на ЕХФ.

Телата на Европската ракометна федерација одлучија неодиграниот реванш со АЕК да го регистираат со резултат 10:0 за македонскиот прволигаш, па Алкалоид со две победи во овој двомеч испиша историја и дојде до пехар кој има значање за нив, но и за македонскиот ракомет ако се земе предвид дека најголемиот дел од играчите се домашни, Македонци.

- Ова не е само победа. Ова е уште една потврда за големиот успех и за квалитетот на нашиот тим и на македонскиот ракомет! По извојуваната победа во Атина во првиот дуел, противникот РК АЕК одби да го одигра реванш-натпреварот во Скопје од свои причини.

- По разгледувањето на сите случувања и докази, ЕХФ донесе одлука за службена победа од 10 : 0 голови и од 2 : 0 поени за РК Алкалоид. Трофејот од Европскиот куп заслужено ќе биде во нашите витрини!

Честитки до нашите херои на теренот! Ова е резултат на страста, напорната тимска работа, пожртвуваноста и на непоколебливата верба!🙌💪🙏

Ви благодариме на сите за поддршката, -порачаа од клубот од Автокоманда.