Поранешен фудбалер на Арсенал осуден на 4 години затвор поради обид за шверц на 60кг канабис

Точка

05/06/2025

21:02

1.535

Големина на фонт

а а а

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Џеј Емануел-Томас е осуден на четири години затвор поради обид за шверц на канабис во вредност од 600.000 евра.

Емануел-Томас (34) го организирал шверцот на 60 килограми канабис што бил пронајден во четири куфери на аеродромот во Лондон на 2 септември минатата година.


Тој ги регрутирал неговата девојка, 33-годишната Јасмин Пјотровска, и нејзината 28-годишна пријателка Роузи Роуланд, за да ја прошверцуваат дрогата од класа Б во Велика Британија.

Полицајците од граничната полиција на аеродромот пронашле вакуумски спакуван канабис складиран во четири куфери со кои девојките пристигнале од Бангкок во Велика Британија.

Потоа службениците на „NCA“ го привеле фудбалерот кој своевремено беше јавно пофален од легендарниот Арсен Венгер, поранешниот тренер на Арсенал кој му предвиде одлична кариера и рече дека очекува големи работи од него. Сега напаѓачот е осуден за „увоз на дрога од класа Б“.


„Поради твоите сопствени постапки повеќе нема да бидеш познат како професионален фудбалер; ќе бидеш познат како криминалец“, му рече судијата Александар Милс на Емануел-Томас.

Инаку Емануел-Томас одиграл само пет натпревари за првиот тим на Топчиите, а подоцна ја градеше својата кариера во Чемпионшипот.


Во втората лига на англискиот фудбал, тој настапувал за Ипсвич, Блекпул, Кардиф, МК Донс, КПР и Бристол Сити, а денес е член на шкотскиот второлигаш Гринок Мортон.