Кондом стар 200 години е изложен во музеј во Амстердам

Точка

04/06/2025

08:49

1.857

Големина на фонт

а а а

Во Ријксмузејот во Амстердам е изложен кондом стар речиси 200 години, на кој се насликани игуменија и тројца свештеници.

Кондомот, за кој се верува дека е направен од овчо црево, би можел да биде сувенир од бордел, според музејот.

Колку што е познато, само два такви примероци преживеале. Цртеж на кондом од 1830 година прикажува игуменија во седечка положба, со раширени нозе пред тројца свештеници, покажувајќи со прст кон едниот од нив.


Пародија на сексуална апстиненција

Музејот вели дека цртежот веројатно бил наменет како пародија на сексуалната апстиненција што се бара од католичките свештеници.

Кондомот може да се види како дел од изложба за сексуалноста и проституцијата во 19 век, која е отворена до крајот на ноември. „Ги покажува и игривата и сериозната страна на сексуалното здравје“, велат од музејот за кондомот.

Во тоа време, потрагата по задоволства одеше рака под рака со стравот од сексуално преносливи болести, особено сифилис и несакана бременост.