Долга жолта колона од насмеани лица на велосипеди, тротинети, ролерки, скироли, бебешки колички и други превозни средства кои не загадуваат, вчера попладне се слеваше низ скопските улици во центарот на градот. Зборното место беше кај Порта Македонија, а крајната дестинација Градскиот парк, каде што беше закажана големата забава на најмасовниот настан на тркала „Вози право, вози здраво“ vol.9.
Стопанска банка и оваа година совршено го организираше деветтото издание на омилениот настан на сите оние кои се грижат за животната средина и ја поддржуваат иницијативата за урбан вело транспорт. Преку промоција на здравите животни навики, но и едукација и развивање на вело-културата, околу 8.200 граѓани од сите возрасни категории повторно ја поддржаа мисијата на Стопанска банка и симболично извозеа неколку километри низ градските улици кои вчера беа ослободени од возила.
Оваа година на „Вози право, вози здраво“ vol.9 се пријавија рекорден број учесници, над 9.000, кои го исполнија предвидениот капацитет уште во првите два дена од отворањето на регистрацијата за настанот. Сите нив во Градскиот парк ги чекаше освежување и слатки изненадувања, но и прекрасна забава со одличната музика на диџеј Иван и јунаците од Пет+ фамилија. Покрај музичкиот дел, присутните во Градскиот парк играа и мини фудбал, добија фотографии за спомен од прекрасниот ден, а се натпреваруваа во стрелаштво и влечење јаже на извидничките игри од Баскерфест. Вистинска атракција беа уметниците на штули кои ги развеселуваа сите присутни, но и графити уметникот кој ги исполнуваше желбите на децата цртајќи им ги омилените ликови и симболи.
Сите учесници на настанот кои имаа стартни бројчиња учествуваа во извлекувањето на големата лотарија, при што најсреќните си заминаа дома со вредни награди. Годинава беа доделени 9 Specialized велосипеди + 1 Specialized електричен велосипед, 9 Garmin часовници + 1 електричен тротинет, 9 сетови за велосипед (кациги и очила) + 1 ваучер што го додели Град Скопје, како и многу други подароци за учесниците.
Деветтото издание на „Вози право, вози здраво“ уште еднаш го потенцираше значењето на здравите животни навики во урбаните градски средини како ефикасно средство за справување со сообраќајниот метеж, бучавата и загадувањето. Иницијативата што ја почна Стопанска банка пред повеќе од 10 години, резултира со донации за многу реализирани проекти за развој на урбаниот велосипедизам во градските средини по секое издание на „Вози право, вози здраво“. Оваа година таа донација ќе биде наменета за изградба на детски вело-парк во Кочани, со што и овој град ќе добие место каде што најмладите ќе развиваат здрави навики и велосипедска култура.
В година следи десеттото, јубилејно издание на овој настан, за кое Банката ќе се погрижи да биде уште поспектакуларно од досегашните.
Стопанска банка, на ваша страна.
Комерцијален текст