ТикТок е преплавен со снимки од ерупцијата на Етна.
Туристите бегаат од областа, а жителите објавуваат видеа од актуелните настани. Поголемиот дел од снимките прикажуваат огромен облак од чад над вулканот.
Сè поинтензивни активности
Активноста од југоисточниот кратер станува сè поинтензивна. Денес таму беа регистрирани силни експлозии.
Голем, густ еруптивен облак, висок најмалку неколку километри, се издига над вулканот. Според Националниот институт за геофизика и вулканологија во Катанија, облакот веројатно е предизвикан од пирокластичен тек создаден од колапсот на материјалот од северната страна на југоисточниот кратер.
Прелиминарните набљудувања покажуваат дека блескавиот материјал не го преминал работ на долината Вале дел Леоне. Истовремено, експлозивната активност во кратерот премина во фаза на ерупција на лава во форма на фонтана. Регистрирани се многу високи вредности на вулканско тресење, чиј епицентар се наоѓа точно во областа на југоисточниот кратер.