[ФОТО/ВИДЕО] Двајца загинати, 192 повредени и над 420 уапсени за време на прославата на победата на ПСЖ

Макфакс

01/06/2025

11:29

3.690

Големина на фонт

а а а

Големи прослави избувнаа низ француската престолнина синоќа откако ПСЖ го победи Интер во финалето на Лигата на шампионите. Но, забавата беше нарушена од бројни инциденти на неколку локации во градот.

Неколку автобуски постојки беа искршени, автомобили беа запалени, а полицијата беше нападната со пиротехника.

Во инцидентите загинаа две лица, а 192 беа повредени. Уапсени се над 420 лица.

Според париската полиција, многу од уапсените поседувале пиротехнички средства и запаливи материјали. На некои места беа употребени и водни топови и солзавец.

Министерот за внатрешни работи Бруно Ретахо остро го осуди насилството.

„Вистинските навивачи слават, додека варварите го уништуваат градот и ја провоцираат полицијата“, рече тој за мрежата X.

Илјадници навивачи учествуваа во прославата, а Ајфеловата кула беше осветлена во боите на клубот. И покрај инцидентите, атмосферата на многу места остана празнична.

Околу 5.400 припадници на полицијата и жандармеријата беа ангажирани за одржување на редот, објави шефот на париската полиција Лоран Нуњез.

Фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле, апелираше до навивачите да останат смирени: „Славиме, но без насилство“, рече тој.

Парадата на шампионите е планирана за следните неколку дена, а се очекува играчите на ПСЖ да бидат пречекани на Шанзелизе во 17:00 часот. Фудбалерите на ПСЖ станаа европски шампиони за прв пат во историјата, победувајќи го Интер со резултат од 5:0