Познато е каде Кристијано Роналдо ќе ја продолжи кариерата

Макфакс

31/05/2025

13:51

2.372

Големина на фонт

а а а

Статусот на Кристијано Роналдо и неговата иднина се една од главните теми на претстојниот преоден рок. Според „Фут Меркато“, познато е каде еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња ќе ја продолжи својата кариера.

Според нивниот извор, Роналдо сепак потпишал нов договор со Ал Наср. Ова значи дека е ставен крај на шпекулациите дека Роналдо го напушта клубот.

Беа споменати неколку опции – од големи европски клубови за кои би играл веќе на претстојното Светско клупско првенство, до пензионирање. Постоечкиот договор на Роналдо со Ал Наср истекува на 30 јуни и тој би можел да се пресели во кој било клуб без обештетување.

Португалскиот ас, пристигна во Ал Наср на 1 јануари 2023 година, со најголемиот договор во историјата на спортот вреден 200 милиони евра годишно. Тој одигра вкупно 111 натпревари за клубот и постигна импресивни 99 гола во сите натпреварувања.

Сепак, тој освои само еден трофеј и тоа не толку важен – Купот на шампиони на арапските клубови.