[ВИДЕО] Јанакопулос со закани дека ќе ја силува ќерката на газдата на Олимпијакос, за подоцна да бега од полицијата: Пуштена е потерница

Точка

02/06/2025

10:58

1.225

Големина на фонт

а а а

Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос во неколку наврати покажа дека не штеди ништо кога е во прашање управувањето со клубот и однесувањето, а во финалето на грчкиот плеј-оф отиде чекор понатаму.

Пред почетокот на натпреварот во кој Олимпијакос победи со 91:83, тој бил отстранет од салата на ривалскиот клуб поради вербална пресметка со навивачите кои ја навредувале неговата ќерка.

Тој бил изведен надвор од салата по бурното однесување, и со навивачите и со судиите, но тука не бил крајот.

Потоа следеле сторија на неговиот Инстаграм каде може да се види како се расправа со органите на редот, а се кулминирало кога одлучил да им побегне на полицајците од салата.

Според соопштението на Олимпијакос, „обвинителот наредил апсење на Јанакопулос, кој истрчал од соблекувалната за да избегне апсење, додека полицијата го бркала“.

Панатинаикос ја демантирал оваа информација, наведувајќи дека „Јанакопулос никогаш не бил информиран за можноста за апсење и дека сам ја напуштил арената бидејќи целата сала ги навредувала него и неговата ќерка, а никој не направил ништо за да го спречи тоа“.

Ситуацијата ескалирала до тој степен што, како што објави Олимпијакос, обвинителот издаде налог за апсење на сопственикот на Панатинаикос. Сепак, место да биде приведен, Јанакопулос, со помош на своето обезбедување, успеа да избега од салата.

Генералниот директор на КК Олимпијакос, Никос Лепениотис, изнесе шокантни обвинувања против Јанакопулос, тврдејќи дека по натпреварот изговорил монструозни навреди кон семејството на сопственикот на Олимпијакос, Јоргос Ангелопулос.

„Навредливата фраза беше нереална и одвратна. Тој дојде кај нас двапати и рече: ’Одете и кажете му на Ангелопулос дека ќе ја силувам неговата ќерка пред него‘. Ова го слушнаа бројни сведоци – луѓе од неговото обезбедување, како и членови на неговиот тим“, рече Лепениотис.

Инцидентот, како што тврди тој, се случил под кошот и пред очите на обвинителот, а сè наводно било снимено со видео камери.

„После тоа, обвинителот наредил негово апсење. Јанакопулос почнал да вика, се обидел да влезе на теренот, по што полицијата интервенирала и го привела“, рекол Лепениотис.

Сепак, поради хаосот што настанал, Јанакопулос наводно се повлекол во соблекувалната, каде што набрзо следела паника – неколку луѓе биле видени како трчаат од просторот под трибините. Недолго потоа, сопственикот на Панатинаикос бил снимен како брзо ја напушта салата и трча кон својот автомобил.

Како да не било доволно сето тоа, според извештаите од местото на настанот, возилото во кое се наоѓал Јанакопулос речиси прегазило полицаец кој се обидел да го запре пред салата во Пиреја, давајќи му сигнал да остане во објектот.

Впрочем, Јанакопулос на Инстаграм објави дека со години размислувал за повлекување од клубот, но дека по денешниот ден, додека живее, ќе биде во соништата на навивачите и сопствениците на Олимпијакос - со заканувачки тон.