Новото засилување на Реал: Сакам да бидам како Серхио Рамос

Дерби

03/06/2025

11:27

1.318

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид започна нов проект по неуспешната сезона под водство на Карло Анчелоти, односно веќе повлече неколку чекори кои се официјализирани како името на новиот тренер Чаби Алонсо и неколку заслувања.

Едно од тие нови имиња е талентираниот Дин Хаусен кој од премиермигашот Борнмут слета на „Бернабеу“ и потпиша договор до 2030 година. Тој имаше одлична сезона во Борнмут, година по која веднаш екипите тргнаа по него, а најбрз, најконретен беше Реал кој плати 60 милиони евра.

Дефанзивецот е мотивиран, подготвен да се докажува и да го достигне нивото на идолот Серхио Рамос.

- Се обидувам да се стремам да бидам како Серхио Рамос. Тој е мојот идол. За мене, тој е комплетен, имаше сè. Во однос на лидерството, постигнувањето голови, личноста, карактерот, - истакна стоперот кој откри дека планирал подолго време да се задржи во Борнмут.

- Мојот план беше да поминам две години во Борнмут, да растам, а потоа да сфатам што да правам следно. Но, работите се одвиваа многу брзо, побрзо отколку што очекував. Разговаравме малку за тимот (со Чаби Алонсо) и што има на ум, како и за проектот. Секако, сакаме повторно да освојуваме титули и сигурен сум дека ќе го сториме тоа… Не мислам дека сè уште сме свесни за тоа. Но, јас сум тука во Мадрид и ќе се обидам да дадам се од себе. Сакам да играм со најдобрите. Мбапе, Винисиус, Родриго и Џуд Белингам, сите оние во нападот – тие се едни од најдобрите, - рече Хаусен за „АС“.