Линекер и Ширер согласни: Тој е фаворит за „Златната топка“

Дерби

02/06/2025

13:26

1.075

Големина на фонт

а а а

Во саботата беше спуштена завесата на оваа сезона во Лигата на шампионите и тоа со убедлива победа на Пари Сен Жермен над Интер од 5-0.

Со тоа „светците“ дојдоа до првата титула во оваа конкуренција, титула обезбедена со историски триумф затоа што ниту една екипа досега не победила со таков резултат, разлика во битка за пехарот во ова натпреварување.

По оваа победа на ПСЖ одново како тема се појавува „Златната топка“ и кој истата треба да ја добие. Англиската легенди Гери Линекер и Алан Ширер имаат иста став и сметаат дека фаворит за најважното индивидуално во светот на фудбалот е Усман Дембеле.

- Мораме да дојдеме до неизбежното прашање за Златната топка. Очигледно е дека генерално е под огромно влијание на тимот што ја освојува Лигата на шампионите. Но, на некој начин, поради природата на тимската работа на ПСЖ, тоа не се сведува на една индивидуа. Веројатно би можеле да им го дадете на неколку од нивните играчи. Претпоставувам дека Дембеле ќе биде фаворит. Имаше неколку навистина добри моменти во финалето и покрај тоа што не постигна гол.

- Тој беше многу вклучен во доста од головите, една асистенција и можеби и една пред-асистенција. Мислам дека веројатно сега ќе биде фаворит. Донарума можеби ќе има мала шанса, но голманите ретко ја добиваат. Можеби и Хакими, - истакна Линекер на што се надоврза Ширер.

- Претпоставувам дека е Дембеле, веројатно сега би бил фаворит, - порача кратко најдобриот стрелец во историјата на ПЛ.