[ВИДЕО] Арсовска: Не смеете да ги допрете Ганиу и Меџити, па кревате чалам и се силите на жени

Макфакс

30/05/2025

19:31

445

Големина на фонт

а а а

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска со нова објава на социјалните мрежи со критики до власта поради како што вели, неспособноста и „стравот од криминалците на „Вреди“.

„Нели ви е срам да се однесувате како државата да е Ваша?
Немате минимум достоинство да признаете дека сте неспособни и исплашени од криминалците на ВЛЕН кои ви се во Влада.
Денес, наместо да го приведете Висар Ганиу и Изет Меџити за 150 дивоградби и криминал со милионски суми, вие се одмаздувате на Раководителот на сектор Ивана која вчера ја објавив како појаснува колкава опасност се предизвикува со вашите дивоградби и криминали.

Нели ви е срам да се однесувате како државата да е Ваша?

Немате минимум достоинство да признаете дека сте неспособни и исплашени од криминалците на ВЛЕН кои ви се во Влада.

Денес, наместо да го приведете Висар Ганиу и Изет Меџити за 150 дивоградби и криминал со милионски суми, вие се одмаздувате на Раководителот на сектор Ивана која вчера ја објавив како појаснува колкава опасност се предизвикува со ВАШИТЕ ДИВОГРАДБИ И КРИМИНАЛИ!

Што ви смета Ивана? Тоа што ви кажа дека сте довеле илјадници граѓани во опасност по живот? Што продавате станови кои утре можат да бидат комори на смрт?

Што им должите на Висар и на Изет, мачиња од ДПМНЕ?

Не смеете да чепнете таму па кревате чалам и се силите на жени!!!

Срам да ви е…вие никаква правда нема да донесете, само ќе крадете, а полицијата и обвинителството сте ги впрегнале да ве бранат и вас, Висар Вики Ганиу и Изет.

Posted by Danela Arsovska on Friday, May 30, 2025


Што ви смета Ивана? Тоа што ви кажа дека сте довеле илјадници граѓани во опасност по живот? Што продавате станови кои утре можат да бидат комори на смрт?
Што им должите на Висар и на Изет, мачиња од ДПМНЕ?
Не смеете да чепнете таму па кревате чалам и се силите на жени!
Срам да вие, вие никаква правда нема да донесете, само ќе крадете, а полицијата и обвинителството сте ги впрегнале да ве бранат и вас, Висар Вики Ганиу и Изет“, вели на социјалните мрежи Арсовска.