Објавена најдобро чуваната тајна на Путин? Вака изгледа моќната, скриена, руска, ракетна база: „Прозорци отпорни на експлозија, армиран бетон, сензори“

Точка

30/05/2025

21:27

2.481

Големина на фонт

а а а

Нацртите на објектите во ракетната база во близина на градот Јасни, каде што се наоѓаат 621-от и 368-от ракетен полк, кои се одговорни за лансирање руски хиперсонични боеви глави од типот Авангард. биле откриени во заедничка анализа на данскиот „Данвоч“ и германскиот „Дер Шпигел“.

Овие документи го прикажуваат целокупниот систем на безбедност и работа во базата во близина на Јасни.

Истражувачките новинари од данскиот медиум Данвоч преку интерактивна инфографика објавија комплетен пресек од ракетните силоси во базата Јасни.

Приближно два милиони документи што беа повлечени од базата на податоци за јавни набавки, покажале дел од најстрого чуваната тајна на Руската Федерација.


Документите пред сè го откриваат обемот на модернизацијата, покажувајќи испорака на огромни количини челик, песок, цемент, тули и изолација, но и почувствителни работи како ИТ системи, електрични инсталации и водоснабдување, греење и вентилација.

Постојат детални описи на безбедносните системи: три слоја електрични огради по должината на надворешниот периметар на базите, сензори за сеизмичка активност и радиоактивност, врати и прозорци отпорни на експлозии, армирано-бетонски згради и алармни системи со магнетни контакти и инфрацрвени сензори. Во некои случаи, дури се наведени и видот и локациите на внатрешните камери за надзор на зградите.

Документите, исто така, детално го откриваат внатрешниот распоред на главните и помошните објекти.

Се наведува каде војниците јадат, спијат и го користат тоалетот, каде се релаксираат и каква опрема за вежбање користат, првенствено ленти за трчање и тегови.


Тие опишуваат во кои простории од подрумот се чува заштитната опрема и каде се наоѓаат орманите за оружје.

Исто така, експлицитно е напишано каде се наоѓаат контролните соби и кои згради меѓусебно се поврзани со подземни тунели.

Сериозен пропуст во процедурите

Во декември 2020 година, рускиот парламент донесе нов закон со цел да се заострат правилата за јавни набавки за војската, откако властите дознале дека воените тајни премногу често се споделуваат во тендерска документација.

Сепак, службениците на руските воено-градежни компании продолжија да споделуваат чувствителни документи во јавна база на податоци.

Данвоч и Дер Шпигел идентификувале чувствителни нацрти за стратешки бази за нуклеарно оружје поврзани со тендерите уште во летото 2024 година.


Иако двете бази во Јасно сега се во активна борбена готовност, нарушувањето на безбедноста може да значи дека руските власти ќе мора да истражат дали треба да се направат какви било промени во објектите.