Колку е исплатливо да се издава стан на Booking во Скопје?

Денар

17/05/2025

17:11

2.928

Големина на фонт

а а а

Tрендот на краткорочно издавање станови преку платформи како Booking.com или Airbnb зема замав и во Скопје. Сè повеќе сопственици на недвижности, наместо да склучуваат долгорочни договори за кирија, се решаваат за алтернативата што носи потенцијално повисоки приходи – дневно издавање апартмани на туристи, странци на службен пат или викенд посетители.

„За стан од 50 квадрати, ако го издавате по 40 евра на ноќ и имате пополнетост од 20 дена месечно, тоа се околу 800 евра приход“, вели Филип Драганов, кој веќе трета година активно го издава својот стан на централна локација преку Booking.

Но, додава – не е сè само профит.

„Сметки, одржување, агенциски провизии, чистење, нова постелнина… на крај остануваат околу 500 евра месечно чисти. Повеќе од класичен киријаш, ама со повеќе ангажман“.


Во моментов, според податоците од локални агенции, за гарсониера или еднособен стан во центарот на Скопје се бараат меѓу 30 и 60 евра по ноќ, зависно од ентериерот, понудените удобности, и сезоната.

На периферија, цените паѓаат до 25 евра по ноќ. Туристичкиот бран, кој обично се засилува во пролет и доцна есен, значи и поголема пополнетост на календарите – дури и над 80% во пикови месеци.

Но, како што објаснуват познавачите, краткорочното издавање не е за секого.

„Мора да сте постојано достапни – за гости кои доаѓаат доцна, за итни поправки, за комуникација и позитивни оценки. Не е пасивен приход, туку вистински мал бизнис“.


Сепак, ваквата форма на изнајмување нуди и свои стратешки предности. Флексибилноста е една од нив – сопственикот може сам да одлучи кога ќе го блокира станот за лична употреба, кога ќе прифати резервации и дали ќе менува цени во реално време.

Правниот аспект, сепак, не смее да се занемари. Во Македонија, за легално издавање преку Booking, сопствениците треба да се регистрираат како даватели на туристички услуги, да поднесат извештаи до Царинска управа и до УЈП, и да плаќаат данок на остварениот приход. Доколку се избегне оваа процедура, ризикот од казни е реален.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.