[ВИДЕО] Студент од Њујорк ги обвини САД за геноцид во Газа – Универзитетот одбива да му ја врачи дипломата

Точка

17/05/2025

17:01

693

Големина на фонт

а а а

Универзитетот Њујорк (NYU) одби да му ја врачи дипломата на студентот Логан Розос, кој за време на својот дипломски говор ги обвини САД дека го поддржуваат „геноцидот“ во Газа.

Розос пред насобраните во средата рече дека ги осудува „злосторствата што во моментов се случуваат во во Палестина“, предизвикувајќи овации и аплауз.

Портпарол на њујоршкиот универзитет го обвини Розос дека лажел за тоа што планирал да каже во обраќањето со цел „да ги изрази своите лични и еднострани политички ставови“.


Пропалестинското застапување на факултетите во стана многу политизирано во САД, бидејќи администрацијата на Трамп се бори против она што го нарече антисемитизам во елитните институции, предизвикувајќи жестока дебата за слободата на говорот.

„NYU“ соопшти дека „остро ги осудува“ и „длабоко жали“ за забелешките на Розос, додавајќи: „Овој момент го украде некој кој ја злоупотреби привилегијата што му беше дадена“.


Портпаролот на колеџот, Џон Бекман, изјави дека дипломата на Розос ќе биде задржана сè додека универзитетот не ја заврши дисциплинската постапка против него.

Инаку откако беше претставен на сцената, Розос рече дека се чувствувал должен да прозбори.

„Геноцидот што моментално се случува е политички и воено поддржан од Соединетите Американски Држави, платен со нашите даноци и емитуван во живо на нашите телефони. Го осудувам овој геноцид и соучеството во него“, порача тој.


Тој конкретно не го спомена Израел, кој силно ги негира обвинувањата за геноцид во Газа, ниту пак еврејскиот народ.

Профилот на Розос, кој оттогаш е избришан од веб-страницата на „NYU“, покажува дека тој студирал културна критика и политичка економија.

На друг онлајн профил, Розос е опишан како „актер, уметник и геј транс маж“.

Инаку „NYU“ е еден од 10-те универзитети што се под истрага на работната група на Трамп за антисемитизам поради инциденти на кампусот од почетокот на војната меѓу Израел и Газа во октомври 2023 година.


Сепак, универзитетот не беше меѓу 60-те универзитети до кои Министерството за образование испрати писма со предупредување за „спроведување мерки“ доколку не ги заштитат еврејските студенти.