Воен ветеран прегази "Tesla" со тенк: „Претходно го скршивме фашизмот, ќе го скршиме и сега“

Точка

14/05/2025

17:23

547

Големина на фонт

а а а

Ветеран од Втората светска војна со тенк прегази автомобил на "Tesla" во деструктивен проект на британската активистичка група "Led By Donkeys", насочен против Илон Маск.

Активистичката група објави видео кое директно го критикува Маск, но истовремено покажува и некои позитивни аспекти на "Tesla" возилата.

Во видеото, 98-годишниот британски ветеран Кен Тарнер го обвинува Маск дека „ја користи својата огромна моќ за поддршка на крајната десница во Европа“ и додава: „Претходно го скршивме фашизмот и ќе го скршиме повторно.“

Потоа Тарнер го стартуваше тенкот "Sherman", тежок преку 30 тони, и помина директно преку сино "Tesla Model 3" со регистарска табличка на која пишуваше „Fascism“.

Луѓето денес прават сè и сешто за кликови, но оваа сцена привлече внимание од повеќе причини. И покрај тоа што тенкот го смачка стаклениот кров и прозорците на електричното возило, долниот дел на автомобилот остана изненадувачки недопрен. Вратите сè уште можеа да се отворат, а структурата на возилото издржа импресивно добро.

Корисници на социјалните мрежи забележаа дека лице внатре во автомобилот веројатно би преживеало ваков инцидент — што дополнително ја истакнува високата безбедност на "Tesla" возилата. Не е случајно што овие автомобили редовно се рангираат меѓу најбезбедните на патиштата. Дополнително, пред демонстрацијата претпазливо била отстранета високонапонската батерија, но според снимките, изгледа дека дури и таа би го преживеала нападот од тенкот.