[ФОТО/ВИДЕО] Најскапата забава на планетата: Еве со кого пристигнал Трамп кај моќниот принц - Ракувањето траело 1 час

Точка

13/05/2025

20:16

2.359

Големина на фонт

а а а

Мохамед бин Салман, саудискиот престолонаследник, организираше ВИП прием за американскиот претседател Доналд Трамп и неговата делегација во зградата на Кралскиот двор во Ријад.

Денес, Трамп слета во саудиската престолнина во придружба на борбените авиони на Бин Салман и со тоа ја започна првата државна турнеја во странство од почетокот на неговиот втор мандат во Белата куќа.



Инаку покрај Саудиска Арабија, Трамп ќе ги посети и Катар и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), а посетата ќе трае до сабота. Меѓу темите на разговор со арапските лидери ќе бидат мирот и војната со Иран и ниската цена на нафтата што ќе ѝ наштети на Русија.



Бин Салман го пречека Трамп на аеродромот, но главниот настан за пречек на американскиот претседател се одржал подоцна.


Би-би-си објави дека главниот фокус на Трамп во Ријад ќе биде обезбедување значајни саудиски инвестиции во американската економија, вклучително и продажба на оружје во вредност од 100 милијарди долари на Бин Салман.





Репортерот на Би-би-си изјави дека имало толку многу гости што поздравувањето било како маратон, бидејќи на Трамп и Бин Салман им требало околу еден час да се ракуваат со сите на приемот.



Инаку меѓу најпознатите членови на делегацијата на Трамп, се издвојува Илон Маск, извршниот директор на неколку технолошки компании и еден од најблиските соработници на Трамп.



Таму бил и Сем Алтман, извршен директор на „OpenAI“, компанијата која стои зад „ChatGPT“, и Јенсен Хуанг, раководител на гигантот за чипови „Nvidia“.




Тука е и Џани Инфантино, претседателот на ФИФА, кој е во близок контакт со Трамп поради Светското првенство, кое следната година се одржува во САД, Канада и Мексико.

„Њујорк тајмс“ објави кои од клучните американски бизнисмени пристигнале со Трамп во Ријад:

Стивен А. Шварцман, извршен директор на „Блекстоун Груп“

Лари Финк, извршен директор на „Блекрок“

Арвинд Кришна, претседател и извршен директор на „IBM“

Џејн Фрејзер, извршна директорка на „Ситигруп“

Кели Ортберг, извршен директор на „Боинг“

Рут Порат, финансиска директорка на „Гугл“

Енди Џеси, извршен директор на „Амазон“

Алекс Карп, извршен директор на „Палантир“

Кети Ворден, извршна директорка на „Нортроп Грамин“

Џејмс Квинси, извршен директор на „Кока-Кола“

Дара Хосрошахи, извршен директор на „Убер“

Рид Хофман, извршен директор на „LinkedIn“.