[ВИДЕО] Белците бегаат од Јужно Африканската Република – Радикалниот водач вели: Убивањето на белците е дел од револуцијата

Точка

13/05/2025

21:28

1.437

Големина на фонт

а а а

Авион со 49 бели Јужноафриканци кои, како дел од планот на американскиот претседател Доналд Трамп, добија статус на бегалци, слета во Вашингтон пред неколку дена. Одлуката на американските власти доаѓа по месеци тврдења од Трамп и неговите соработници дека белците во Јужна Африка се жртви на насилство и дискриминација, особено белите земјоделци.

САД ја критикуваа Јужноафриканската Република за одземање на земјиштето од белите земјоделци без никаква компензација. Еден од најблиските советници на Трамп, Илон Маск, претходно изјави дека во Јужноафриканската Република имало „геноцид врз белите луѓе“ и ја обвини јужноафриканската влада за донесување „расистички закони за имот“.



Податоците на јужноафриканската полиција покажуваат дека минатата година биле регистрирани 44 убиства на фарми и помали земјоделски површини, при што вкупно биле убиени осум земјоделци. Меѓутоа Јужноафриканската Република не ја соопшти расата на сторителите и жртвите, но мнозинството земјоделци во земјата се белци.

Изјави на Џулиус Малема: Не ја исклучува можноста за убивање на белци

Сето ова го актуализираше дејствувањето на Џулиус Малема, јужноафриканскиот политичар чии изјави за „сечење на грлото на белците“ и „убивање на бели жени и деца“ одекнуваат со години.

Малема, еден од највлијателните и најконтроверзни политичари во земјата, со години е познат по своите провокативни изјави. Неговата партија ЕФФ повикува на национализација на рудниците, експропријација на земјиште без надомест и прекинување на врските со „империјалистичките сили“. Но, она што предизвикува најголема загриженост, и во земјата и во странство, се неговите изјави за белците, особено за белите земјоделци.

Уште во 2016 година, Малема на политички митинг изјави: „Не повикуваме на колење на белци, барем не засега“.

Меѓутоа за време на интервју за турската телевизиска мрежа „TRT World“ во 2018 година, тој рече нешто многу слично: „Не сме повикале на убивање на белците. Барем не засега. Не можам да ја гарантирам иднината“. Кога новинарот на ТРТ го праша дали разбира дека ова на луѓето им звучи геноцидно, тој одговори: „Плачковци“.

Исто така тој ги повтори истите ставови во друго интервју, велејќи: „Можеби јас нема да бидам тој што повикува на колење на белците, можеби тоа ќе бидам јас, а можеби и нема“.

Според извештајот на „Тајмс оф Индија“, Малема за време на говорот во 2018 година рекол: „Овие луѓе … Кога сакате силно да ги удрите, нападнете белец. Тие чувствуваат ужасна болка затоа што сте допреле белец. Им ги сечеме грлата на белите. Ќе убиеме бели жени, деца и нивните домашни миленици“. Сепак, некои извештаи сугерираат дека делот од изјавата за „убивање бели жени, деца и нивните миленици“ ја дал друг член на ЕФФ за време на истиот настан, а не лично Малема.

Иако некои од неговите поддржувачи тврдеа дека станува збор за „метафори“ и борбена реторика против наследството на апартхејдот, критичарите, вклучувајќи го и Илон Маск, кој е роден во Јужноафриканската Република, отворено го обвинија за поттикнување расна омраза и повикување на насилство.


Но, и во последниве години Малема продолжи со слична реторика. Обраќајќи им се на членовите на партијата на 15 октомври 2022 година за време на конференција на партијата „Economic Freedom Fighters“ (EFF) во Кејптаун, тој рече: „Никогаш не смеете да се плашите да убивате. Револуцијата бара во одреден момент да мора да убиете затоа што убивањето е дел од револуцијата“.

Оваа изјава исто така предизвика силни реакции и осуди, вклучително и онаа на Јужноафриканската комисијата за човекови права (SAHRC), која заклучи дека изјавата на Малема претставува говор на омраза и поттикнување на насилство.

Контроверзна песна за убивање на бели земјоделци

Малема и членовите на ЕФФ често ја пеат „Kill the Boer“ (Убиј го белиот земјоделец), песна од времето на борбата против апартхејдот.

Но, судовите во земјата претходно пресудија дека ова не претставува говор на омраза. Сепак, контекстот на денешната политичка клима и порастот на насилството на фармите им дава дополнителна тежина на овие изјави.

Убиствата на фармите се во пораст

Јужноафриканската полиција во своите извештаи не ја наведува расата ниту на жртвите ниту на сторителите, но е познато дека поголемиот дел од земјоделското земјиште сè уште го поседуваат белци, потомци на холандски доселеници – Африканери. Во изминатата година, 44 лица биле убиени на фармите, вклучувајќи осум кои биле регистрирани како земјоделци. Ова се бројките што ги користат и поддржувачите и противниците на тврдењето за „геноцид“ – првите тврдат дека белците биле цел на напади, а вторите дека нема докази за систематски прогон.


Малема со години е политички непријател на владејачкиот Африкански национален конгрес (АНК), од кој беше исклучен во 2012 година. Потоа ја основал партијата ЕФФ, која брзо собра голем број млади и незадоволни гласачи, особено меѓу сиромашните. Неговите црвени беретки и агресивната реторика станаа белег на неговата политичка платформа.

Малема би можел да стане моќник во јужноафриканската влада

Пред парламентарните избори во 2024 година, Малема ја засили својата реторика, барајќи Јужна Африка да ги прекине односите со Израел, САД и другите западни земји.

Со оглед на тоа дека владејачката АНК ја губи поддршката, а опозицијата е фрагментирана, Малема и ЕФФ би можеле да имаат клучна улога во формирањето на следната влада.